Холандскиот уметник Јост Клајн е дисквалификуван од Изборот за песна на Евровизија по инцидент во бекстејџот, пренесува Би-Би-Си.
Шведската полиција ја истражуваше жалбата на жена, член на продукцијата, по инцидентот што се случи во четвртокот, по неговиот настап во второто полуфинале, по што изведувачот е вратен дома.
Во соопштението, организаторите на натпреварот велат дека „не би било соодветно тој да продолжи со натпреварот“ додека се одвива правниот процес.
Клајн беше меѓу фаворитите за победа со неговата песна Европапа.
„Инцидентот“ се случил за време на разговор со израелскиот претставник, при што Јост го бојкотирал Израел покривајќи си ја главата, кога новинар ја прашал претставничката „дали мисли дека нејзиното учество на Евровизија ги загрозува другите натпреварувачи“. Кога ѝ беше кажано дека „не мора да одговори на прашањето“, Јост избувна „зошто да не?“.
Погледнете ја снимката:
this is a video showing joost klein specifically asking "why not", when eden golan was allowed not to answer a press question on security
KING king king three times king💙 pic.twitter.com/Eh1PTNXzdS
— theEsc🍉||🇨🇭🇭🇷🇬🇪 (@elle_hannah15) May 9, 2024
Неговото непојавување на пробаите ги подгрејаа шпекулациите на дисквалификација, а на социјалните мрежи кружат бројни тврдења.
Една од нив е што причината за тоа е тоа што пејачот наводно удрил член на израелската делегација за време на пробата, откако се пошегувале со смртта на неговите родители. Сепак, ова тврдење засега не е официјално потврдено.
Дополнително, на Икс се појави видео на кое, како што тврдат, се гледа контроверзноста што екипата на пејачот ја води со новинар за неговото ненастапување на сцената, додека во позадина се слуша гласот на Јост кој прашува: „Зошто правиш ова?”.
This is NOT 100% CONFIRMED, I did say apparently and if this is the case. It's being reported by several outlets.
There's also a video of the Israeli delegation harassing the Dutch delegationhttps://t.co/kc16nbJwu6
— Jaryd (@JarydHeadley) May 10, 2024