Минимална е разликата на излезноста на денешните Претседателски избори во однос на вториот круг од изворите во 2019 година. Тој процент е помал за 1,99 отсто, што според претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар значи дека нема бојкот на изборите.
-Од тоа што го гледам, а тоа е највердостојно, апсолутно нема бојкот. Иста е излезноста, процентот е тој, одговори Даштевски на новинарско прашање на првата прес конференција.
Од пристигнатите резултати од 1009 избирачки места од постоечките 3840, до 9 часот на Претседателските избори гласале 22.797 гласачи или 4,17 отсто. Најголема е излезноста во Пробиштип, 8,85%, најмала во Боговиње – 0,57%.
На Парламентарните избори излезноста е за нијанса поголема и на 1033 избирачки места гласале 25.132 или 4,45 отсто. Најголема е излезноста во Кривогаштани – 9,46%, најмала во Боговиње – 1,43%.
На шест избирачки места во пет општини (Куманово, Гази Баба, Тетово (2), Кочани и Охрид) од вкупно отворените 3840, има технички проблеми со опремата, поради што се применува стариот начин на гласање со спреј и УВ ламба. Се работи на отстранување на техничките проблеми.
В.К.