Турските власти ја дозволија екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Ова го потврдија од Министерството за правда, кои преку македонското МВР биле информирани за одобреното барање поднесено во декември минатата година.
Палевски е во екстрадициски затвор од декември во Турција, кога беше уапсен по распишаната меѓународна потерница од македонските власти.