На 24.04.2024 во 13.50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на локален пат за селото Бигор Доленци, од слобода го лишија Д.Ѓ.(35) од Валандово.
Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.