Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првиот круг победи во дури 60 општини, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски во три, Бујар Османи од ДУИ во 15, Арбен таравари од Вред и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една, додека кандидатката на Левица, Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски од ГРОМ во ниедна.
Силјановска Давковска победи во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилево, Брвеница, Бутел , Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Центар, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево и Штип.
Пендаровски најмногу гласови има во Крушево, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Бујар Османи победи во Арачиново, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Долнени, Желино, Липково, Пласница, Сарај, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово , Чаир и Шуто Оризари. Арбен Таравари победи во Гостивар, а Максим Димитриевски во Куманово.
Стевчо Јакимовски во Карпош, каде е градоначалник освои едвај 2.143 гласа.