Во четврток во Театар Штип гостува комедијата ,,Премиерот” која ги руши рекордите на гледаност.
После премиерата во Македонскиот народен театар, штипската публика ќе има можност да ја проследи оваа урнебесна комедија која дава апсолутна слика на денешното време.
Во оваа комедија играат актерите од Театар Комедија: Сашо Ристовски и Магдалена Ризова-Черних, а заедно со нив на сцената се младите актери: Бранко Атанасов, Ема Давчева.
Како е да се биде премиер? Што се случува тајно во премиерскиот кабинет? Кој се станува премиер? Кој се има амбиција за такво место? Дали естраден уметник може да е премиер? Интриги, комични ситуации, договори, кампања и многу нешта ги коментира оваа комедија.
Автор е Огнен Неделковски, режија Сашо Ристовски, костими Елена Лука, сценографски решенија Сашо Ристовски и Игор Ристовски, дизајн на плакат Бобан Милосавлевски, техничка служба Диди и Стефан. Продукција: Театар Хит 2024.
Со изведбата во Штип започнуваат гостувањата ширум земјава на оваа актуелна комедија