Марија Шерифовиќ не се појавила на снимање на „Ѕвезда Гранда“, а на големо разочарување на многумина ќе ја замени нејзината колешка и пријателка Сања Вучиќ.
-Подготвена да ги оценувам натпреварувачите, иако не ми е прв пат во жири, но дефинитивно е предизвик. Мислам дека чевлите на Марија се големи за да ги исполниш. Сигурно ќе се обидам вредно да оценувам и да бидам многу објектина. Се надевам дека ќе придонесам со моето мислење – рече Сања, а потоа се пошегува:
-Ова е само за потребите на оваа емисија, да не се грижат гледачите, Марија многу брзо ќе се врати. Ќе видиме како ќе се снајдам.