Собирање на потписите на кандидатите за претстедател ќе трае уште два дена, тогаш согласно роковникот од ДИК завршува рокот.
Спордд податоците од собраните потписи засега седум кандидати успеаја да го обезбедат своето место на изборите за претседател а тоа се актулениот шеф на државата Стево Пендаровски, професорката Гордана Силјановска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од Гром, Арбен Таравари од Алијанса на Албанците и професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица.
Од сите пријавени засега самодвајца се без ниден потпис, а тоа се Томе Николоски и Гоце Ристов
Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на дик сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.