Драгана Мирковиќ, една од најголемите поп ѕвезди на Балканот која зад себе има четиридецениска блескава кариера, безброј хуманитарни акции,повторно го воодушеви регионот со одлука која ја донела во врска со нејзините концерти.
Пејачката, пишуваат српските медиуми, отсекогаш била скромна и несебична, а сега одлуката на Драгана Мирковиќ ги изненади сите бидејќи решила да се откаже од својата заработка од турнејата „До последен здив“ и сите пари да ги донира на оние на кои им се најпотребни.
Фото: Фејсбук
Овој хуман гест, невиден на нашата музичка сцена, доби поддршка од сите, а најемотивната порака стигна од малото девојче кое првото ќе добие покрив над главата благодарение на Драгана.
„Мојата желба е да ги израдувам луѓето со оваа турнеја, но и да ширам љубов, хуманост и среќа. Затоа решив на секој концерт да им помагам на луѓето кои имаат потреба. Првата можност беше во Тузла, каде што му помогнав на самохран татко со девет деца со 10.000 евра. Така ќе биде и на другите концерти во регионот. Долго време сум пријател и соработник со организацијата Срби за Србите, па сосема беше природно да ја продолжиме соработката на овој начин, па лично од секој концерт во Србија ќе издвојам по еден милион динари, кои ќе бидат искористени за да се обезбеди покрив над главите на најзагрозените семејства“, рече Драгана.
Благодарение на нејзината несебична одлука да ги донира сите пари, секој што ќе купи билет за концерт и самиот ќе стане добродетел. Претстојните концерти се во Крагуевац, два во Белград, Краљево, Нови Сад, Ниш и Загреб, па многу семејства кои во моментов живеат тешко ќе добијат помош.