Бразилската поп ѕвезда Дани Ли почина на 42-годишна возраст. По три естетски операции, вклучително и намалување на градите, настанале компликации и таа за жал не можело да се спаси.
Позната е во Бразил по хитот „Еу соу да Амазониа“, Дани Ли во петокот беше подложена на процедура која вклучуваше липосукција на стомакот и грбот, како и намалување на градите. Пејачката итно била пренесена во болницата во Куритиба, но и покрај напорите на лекарите, таа починала.
Веста ја потврди нејзиниот сопруг Марчело Мира, кој додаде дека семејството е многу потресено. Пејачката зад себе ги остави сопругот и ќерката (7).
Точната причина за компликациите не е позната, а „Сан“ пренесува дека за операцијата потрошила 4.000 фунти.