Во 12 часот вчера во СВР Тетово, 25 – годишен жител на тетовско село пријавил дека во 2022 година женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој и платил одреден паричен надомест.
Меѓутоа, досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите.
Се работи на расчистување на случајот.