Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодорор физички напаѓа студенти. Активистот на ЦМ и студент Јован Јанев вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари – затоа што е политички активен во Левица и затоа што ако режимот на Груевски ја користеше полицијата да ги тепа студентите, овој режим директно удира со своите функционери, изјави на прес-конференција портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ .
„Бараме Владата да го разреши директорот поради недозволено, недолично и противправно однесување. Бараме Ковачевски да го разреши овој клучен човек на СДС во Штип, кој покрај другото: во 2017 како советник во Штип и секретар во општинскиот одбор, физички го нападнал директорот на ЈКП Исар – дали ова се скалила за напредување во СДС, или е само непресметлива личност за која треба хоспитализиција? На функцијата директор е поставен без соодветно образование, но затоа во негово време поркај ОГРОМНИОТ број бегства, помеѓу кои се издвојува бегството на озлогласениот затвореник Красниќи“, вели Мециновиќ.
Затворот во Штип, тврди Мециновиќ, е предмет на сериозни инциденти, тортура и трагедии, на починати за кои не се знаат околностите и причините.
„ Во времето на Мики Тодоров триесет затвореници во штипскиот затвор штрајкуваа со глад заради тортура и испраќаа ултиматуми до директорот. Наводи велат дека правото на посета е селективно, на осудените од 27 април не им се дозволуваат посети, додека за други посетите се овозможени во текот на целата недела. Дали оваа состојба во затворот ја предизвикува насилната природа на директорот?
За неговата дерегулирана состојба, низ медиумите се појавуваат и вести како редовно се заканува со физичко насилство на социјалните мрежи, но за еден ваков мајстор на корумпираноста и насилството, секако дека и непотизмот не е непознат. Со неговото влијание ги вработува својата жена за раководител на сектор во УЈП Штип, а неговата сестра во основно училиште.Вака изгледа европскиот човек на СДС – вака изгледа нивниот европски фронт“, вели портпаролот на Левица.