Традицијата во домот да се внесе елка и да се украси потекнува од многу одамна.
Елката е зимзелено дрво, во текот на целата година е свежо, па луѓето уште од порано верувале дека може ним да им ја пренесе својата свежина. Но, вистината е дека во студените зимски денови елката ни носи ведрина во домот. Внесувањето на зимзелените гранки е многу стар обичај. Имено, со нив луѓето во зимските месеци кога природата „спие“ и е во зимски сон ги изразувале своите желби, но и надежта дека природата поворно ќе се разбуди кога на пролет сонцето ќе почнее да свети посилно.
Елката, каква што денес ја украсуваме се појавила на почетокот на XVII век во Франција. Таквиот обичај сега е надополнет со подарување подароци, па затоа сите деца со нетрпение ја очекуваат Новата година која доаѓа „рака под рака“ со новогодишните подароци под елката.
Дрво на бесмртноста и вечниот живот
Зимзеленото дрво не е избрано случајно. Античките цивилизации верувале дека со внесувањето болки во своите домови покажуваат почит кон Богот на сонцето. Римјаните ги украсувале своите домови, но и храмови со зимзелени растенија бидејќи тие за нив го симболизирале вечниот живот.
Значи, се работи за обичај кој потекнува уште од паганско време кога на зимата се гледало како на годишно време во кое на земјата се движат зли духови. Како потсетник за тоа дека пролетта сепак ќе дојде, луѓето ги внесувале зимзелените растенија во своите домови и ги украсувале. Се смета дека новогодишното дрво во христијанската вера претставува рајско дрво, а подароците ги претставуваат месечината и ѕвездите. Токму ова дрво е одбрано како симбол на бесмртноста и вечниот живот.
Потеклото на украсувањето елка
Новогодишната елка има долга историја, а најверојатно води потекло од европските претхристијански култури. Почетоците на традицијата за украсување елка се „лоцирани“ во Германија во шеснаесеттиот век кога кројачките чираци носеле дрво украсено со јаболка и сирење низ градот.
Веќе во седумнаесеттиот век, обичајот за украсување божиќно дрвце почнал да „влегува“ во домовите, а некои свештеници се жалеле дека ова ги оддалечува луѓето од Господ. До почетокот на следниот век, украсувањето на елките станало вообичаено и во градовите околу северна Рајна, но не било застапено во селата.
Историја на новогодишните украси
Првите украси на елките биле рачно изработувани. Старите Германци користеле ореви, колачи, па дури и пуканки. Како осветлување, тие користеле свеќи, па дури потоа се појавиле свеќичките кои денес ги користиме. На почетокот на деветнаесеттиот век, обичајот станал толку популарен што се проширил дури до Русија.
Извор: pink.rs