Една година по објавувањето на дијагнозата на славната Селион Дион, здравствената состојба на пејачката се влошува, таа повеќе не може да контролира одредени движења на телото, а тоа го потврди и нејзината сестра Клодет Дион.
„Таа нема контрола над своите мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за сè. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: ‘Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно’. Точно е дека и во нашите и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, изјавила Клодет за „7Журс“.
Фото: Фејсбук
Сестрата на Селин Дион претходно откри дека пејачката соработува со најистакнатите стручњаци во областа на оваа ретка болест, но дека нема напредок во состојбата.
Инаку, Селин на крајот на минатата година откри дека се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), неизлечива и тешка болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви.
Тоа е невролошко нарушување кое предизвикува вкочанетост на мускулите. Болеста го згрчува телото во положба од која личноста не може да се движи и предизвикува грчеви кои можат да бидат толку силни што дури и ги кршат коските.
„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од моето секојдневие. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, рече музичарката минатата година кога им откри на фановите дека ќе мора да ја одложи светската турнеја.