Почитта е таен зачин кој ги држи односите заедно. Доколку научите на кој сѐ начин може да покажете почит кон самите себе, тогаш ќе знаете и што да направите кога некој нема да има почит кон вас.
Што значи да се има почит во здрава врска?
Луѓето имаат многу различни идеи за тоа што значи зборот „почит“. Понекогаш се користи за покажување восхит кон некој кој ви е важен или инспиративен. Во други случаи, овој збор се однесува на почитта кон некој кој е авторитет. Тоа може да бидат вашите родители, дел од роднините, можеби и шефот на работа.
Во тој контекст, се претпоставува дека треба да ги почитувате оние кои имаат одреден вид знаење и моќ. А друг пат пак, почитта значи да го поддржите правото на луѓето да прават лични избори и да се чувствуваат сигурно во своето секојдневие.
Кога станува збор за здравите врски, во нив партнерите се рамноправни. Тоа значи дека ниту еден партнер нема авторитет над другиот. Партнерите се слободни да го живеат својот сопствен живот.
Почитта исто така, значи дека иако можеби не се согласуваме секогаш со партнерот, ние одбираме да му веруваме. Па така, со тек на времето вашиот однос ќе напредува, вие ќе учите сѐ повеќе еден за друг, а со тоа ќе се зголемува и вашата меѓусебна доверба,
Како да покажете почит?
Почитта во врската се гледа во начинот на кој се однесувате секојдневно еден кон друг. Дури и да не се согласувате, способни сте да го цените неговото мислење. Почитта не значи некого да контролирате или да го терате да прави нешто што не сака. Почитта всушност се однесува на слободата да бидете она што сте и луѓето да ве сакаат поради тоа.
Почитта во здравата врска изгледа вака:
Отворено и искрено да разговарате меѓу себе
Да се слушате
Да ги цените вашите потреби
Да си дадете простор еден на друг
Да ги поддржувате вашите меѓусебни интереси и кариери
Да ги почитувате вашите меѓусебни лични граници без оглед на сѐ
Знаци дека во врската нема почит
За жал, не секоја врска се заснова на почит меѓу партнерите. Понекогаш може да се соочите со токсично однесување и да доживеете емоционално злоставување.
Еве како може да изгледа непочитувањето:
Игнорирање
Критикување
Понижување, казнување, создавање чувство на вина
Измислување лаги и гласини кои ви штетат на угледот
Самопочит
Иако е важно да го почитувате вашиот партнер, исто така е важно да се почитувате и самите себе, независно дали сте слободни или сте во врска. Самопочитта е клучот за градење самодоверба и одржување здрави односи со другите луѓе во текот на целиот живот.
Значи, што претставува самопочитта? Тоа значи да се прифатите себеси целосно. Всушност, тоа не значи да мислите за себе дека сте совршени, туку дека имате вредност. Самопочитта значи да се придржувате на вашите сопствени стандарди и да се трудите да не се грижите премногу за тоа што другите луѓе го мислат за вас. Градењето самопочит не е секогаш лесно, но крајниот резултат е вреден за тоа.
Извор: ekreator.hr