Една несекојдневна сцена во јавниот превоз се случила во колумбиската престолнина. На видеото на кое е регистриран настанот е прикажана жена која пред изненадените патници вади прибор за депилација и тргнува во акција!
Имено, девојката од торбата извлекла ленти со восок и почнала да си ги депилира нозете додека зборува на теелефон. На социјалните мрежи може да се најдат бројни коментари под видеото кое стана вирален хит. Додека едни ја исмеваат новата бизарност во јавниот превоз во Богота, други ја критикуваат жената бидејќи „нема почит кон другите патници“.