На прв поглед никој не и дава повеќе од осум години.
Кога таа зборува, луѓето се збунуваат за тоа колку е навистина интелигентна. Поради некоја причина, мажите се луди по неа, а таа само срамежливо се насмевнува.
Нејзиното име е Shawna Rae. Висока е само 113 сантиметри, а има дури 24 години! Ѕвездата од „I am Shauna Rae“ на ТЛЦ е родена со тумор на мозокот.
Хемотерапијата толку многу го нарушила нејзиното тело што престанала да расте како дете. Сепак, тоа не ја спречи да се радува на животот што сè уште го добива.
Таа веќе не е болна, напротив. Ужива во секој момент и згора на тоа, не знае што да прави со толку многу додворувачи.
-Луѓето не разбираат дека сум возрасна иако немам ни 30 килограми. Сите ме третираат како штотуку да сум почнала основно училиште. Немам веќе проблем со тоа, порано имав. Имам убава работа, одлична средина, семејство кое ме сака. И многу мажи кои ме канат на пијачка – низ насмевка вели Шона.
Интересно е што оваа девојка не се двоуми да открие некои незгодни, па дури и опасни детали од нејзиниот живот.
-Имав неколку додворувачи кои се покажаа дека се педофили. Двајца од нив. Од самиот почеток можев да видам дека се воодушевени што сум толку ниска и што изгледам како дете. Ги прочитав веднаш. Едниот беше уапсен минатата година токму поради недозволени односи со малолетничка. Веднаш забележувам кој е што – вели таа.
Шона од минатата година води емисија на телевизијата ТЛЦ. Во неа таа не само што ги споделува своите детали од минатото и сегашноста со гледачите, туку им помага и на другите жени да се чувствуваат добро во своја кожа и пред се сакано.
Таа го сподели и искуството од врската со маж кој исто така е многу низок.
-Беше многу интересно. Имавме, логично, многу заеднички теми, но нашите животи се многу различни и затоа се сретнавме само еднаш – изјавила Шона.