Демократската унија за интеграција со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир.
Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО” и “ЕнергоИнвест Трејд”, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.
Според информациите, општина Чаир со компанијата „Бауер БГ” склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот “Скендербег” во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра.
Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот.