Во 2024 година во Европа ќе има повеќе лица постари од 65 години отколку помлади од 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Се проценува дека следната година популацијата на лица постари од 65 години ќе биде побројна од оние помлади од 15 години во европскиот регион на СЗО, соопшти организацијата.
На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“.
Тој тренд укажува на нови социјални, економски и епидемиолошки предизвици, додаде организацијата чиј европски регион собира 53 земји, од кои некои се наоѓаат во Централна Азија. МИА