Многу луѓе секојдневно нарачуваат храна од нивните омилени локали, но сепак не размислуваат за тоа што сѐ би можело да се случи додека таа храна да дојде до нив. Дека сепак би требало да размислиме малку посериозно околу ова, покажува и едно видео кое стана вирален хит на тикток.
Во видеото всушност, еден доставувач на храна покажува што прави со храната која им ја доставува на луѓето кои нарачале. Тој кај себе има хот-дог кој го вади од амбалажа. Потоа ја вади виршлата, јаде од неа и ја враќа во лепчето. Ваквиот оброк тој го враќа во амбалажата за да го достави како неотворена нарачка. Бизарното видео ги изнервира корисниците на ТикТок, а реакциите беа експлозивни. Многумина заклучија дека поради ова што го направил, тој заслужува да оди во затвор.
Видеото може да го погледнете овде.