Одгледуваме генерации на „млаки“ луѓе – порача актерот Арнолд Шварценегер (76) во едно гостување, а оваа негова изјава крена голема прашина.
Актерот има пет деца – Катерина (33), Кристина (31), Патрик (30) и Кристофер (26) со поранешната сопруга Марија, а покрај тоа го има и 26-годишниот син Џозеф со Милдред Патриша Баена.
Арнолд призна дека како казна на една од своите ќерки, еднаш ѝ ги запалил чевлите, а откако еден од синовите не си го наместил креветот, тој му ја фрлил постелнината низ прозор.
„Младите луѓе мораат да патат, да се борат и да поминат низ болка, мизерија и непријатност за да може да се зацврстат како личности и за да успеат во животот“, изјави актерот.
Според него, денешните млади се „меки како бебиња“.
„Сите вие кои се штитите од лошото во животот и бегате во комфор – готови сте. Никогаш нема да стигнете до целта, мора да се борите“, порача тој.
На Арнолд очигледно му е здодевно бидејќи во последно време тој има многу отворени излагања во медиумите, откако на Нетфликс беше објавен неговиот автобиографски документарец.