Цели 20 години ДУИ играат пинг – понг во државава и со црвените и со сините останувајќи континуирано на власт, рече во денешното гостување во Канал 77, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
- Сметам дека ДУИ е најголемиот виновник за сето ова што и се случува на Македонија. Тие цели 20 години успеваат да останат на власт, а најголемата корупција во државата тргна од нив, вели Димитриевски.
Што се однесува до борбата со таквата корупција, вели дека никој не признаваше ниту за мито ниту за корупција, се чекаше на американската амбасадорка да излезе со факти дека во Македонија цвета мито и корупција па тогаш и нашите политичари од власта да излезат и да го потврдат истото.
- Во минатото велеа се бориме против корупција, се формираше ДКСК, се формираа еден куп институции, дури се формираше и владина комисија за борба против корупција, која никогаш не заживеа. Сите велеа има ама се гони корупцијата и криминалот, и на крај ви доаѓа американската амбасадорка, ви вели во државата цвета мито и корупција и прв излегува министерот за внатрешни работи па премиерот по него како папагал и повторуваат, да има мито и корупција, вели Дититриевски.
Додава дека ситуацијата во земјата е дојдена нож до коска. Во овој момент е тешко да се живее во Македонија, не за политичарите, туку за граѓаните кои живеат тешко.
- Не е тешко за нас политичарите ние сами си ги зголемивме платите, се донесе закон каде сами си ги покачивме платите и не правилно ги распоредија средствата од државниот буџет сами на себе, но граѓаните тешко живеат. Денеска вие да јадете сирење и да кажете дека е луксуз, или да јадете лутеница и да кажете дека е луксуз е срамно и погубно за тие што носат такви одлуки, а сепак зборуваме за влада, вели првиот човек на Општина Куманово.
Според зборовите на градоначалникот на Куманово, основната цел која треба да ја постигнат политичарите е да обезбедат национално обединување, вели го има кај албанските политичари, но недостасува во македонскиот блок.
- Национално обединување е неопходно да се постигне во македонскиот блок, а албанците веќе си го имаат по однос на националните прашања. Ако разговараме за соживот, за мултикултурализам тогаш треба да седнеме и да создадеме концепт како истиот ќе го градиме. Ние денес во Македонија соживот имаме само на хартија, во парламентот и каде што седи политичката елита, вели Димитриевски, нагласувајчи дека во Куманово децата се поделени уште од најрана возраст.
Тој додава дека во земјава не можеме да зборуваме за реален соживот, туку сведоци сме на класична сегрегација во општеството.
- Жално и погубно за мене како градоначалник, но пред се и за оваа власт па и претходната, која што потроши повеќе од 20 години по конфликтот, на мултикултурализмот и креирање на едно мултикултурно општество, а до ден денеска нашите деца се поделени и во забавиште и во основно и средно училиште, па и на факултетите, како ќе зосдаваме врски и ќе го градиме тоа општество кога имаме класична сегрегација во општеството, истакнува Димитриевски.
За актуелните случувања во државата како и за формирањето на нов политички блок, односно нова политичка партија во земјава, денес во “ Стадион “ со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.