Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, информираат од МЕПСО.
-Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ ( вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вработено во првобитната состојба а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено.
Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа.
Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни, информираат од МЕПСО .