Маж од србија на плажа во Пула запознал девојка по име Сара, која многу му се допаднала. Пред да се врати во Белград, тој ѝ напишал порака на хартија која ја прицврстил со камен и ја оставил на плажата.
Фотографијата од пораката беше објавена во Regional Express.
„Здраво Сара. Се надевам дека го читаш ова. Баш ми беше убаво дружењето со тебе овде на овие карпи и многу би ми било криво доколку изгубиме контакт. Денес патувам за Белград…Ќе бидам многу среќен ако ова писмо заврши во твоите саце. Ова е мојот број…“, напишало момчето кое се чини, заборавило на Сара да ѝ го остави својот телефонски број оној ден кога се запознале.
Кога го пишувал ова писмо, Ѓорѓе веројатно не претпоставил дека цела Пула ќе ја бара Сара и дека за неговата порака ќе дознаат сите. Луѓето на социјалните мрежи коментираат дека ова е преубав гест и ја повикаа Сара да го побара момчето од Белград.