Како што често истакнуваат лекарите, физичката активност е еден од клучните услови за здравје на организмот. Понекогаш е доволна и секојдневната прошетка доколку немате волја или пак желба за да се занимавате поактивно со спорт. Дека физичката активност е исклучително важна за да имате витален изглед, најдобар пример е Елејн Ла Лaн (97) која често ја нарекуваат икона на здравиот живот. Оваа витална бабичка и денес редовно вежба, а изгледа барем три децении помлада.
Елејн и нејзиниот сопруг Џек имаат инспирирано цели генерации во Америка да се хранат здраво и да вежбаат. Тие двајца имале емисија за здравиот живот, на која работеле скоро 34 години. Иако сега веќе е во длабока старост и има 97 години, оваа дама не успорува – пишува Инсајдер.
Оваа витална бабичка сѐ уште има што да каже и сака да го сподели своето богатство искуство преку книги и филмови со новите генерации и да ги открие тајните преку кои таа и сопругот сите овие години останале витални.
„Отсекогаш многу работев и сметам дека правилната, здрава исхрана и секојдневното вежбање ми помогнаа да доживеам 97 години“, изјавила елен.
За да ја поттикне својата издржливот, оваа фитнес бабичка секој ден има оброк богат со протеини, а потоа пие и протеинско смути за што ѝ се потребни само неколку минути за да го направи.
Елејн открива и како го прави своето смути.
„во блендер ставам малку млеко со 2 отсто масти, потоа додавам една или две лажички протеин во прав, банана и малку црвено овошје. Сето тоа го блендирам и смутито е готово“, истакнала таа.