Зимбабве го организираше изборот за Мис Универзум по 22 години.
Брук Брук Џексон (21) победи на изборот и ќе ја претставува Зимбабве на натпреварот во Ел Салвадор во декември.
„Моето срце е полно, среќна сум и благодарна. Ви благодариме на сите за вашите љубезни пораки и поддршка. Едвај чекам да ги исполнам моите должности како кралица на Зимбабве оваа година во Ел Салвадор. Сакам да бидам пример за благодат, разбирање и инспирација за сите млади луѓе во мојата земја. Заедно сме силни и се е можно во животот“, напиша Брук на Инстаграм по натпреварот.
Мисица со манекенство се занимава веќе неколку години, но оваа титула, признава, најмногу и значи, пренесува Индекс.хр.
Таа беше мета на критики поради бојата на нејзината кожа.
Откако Зимбабве избра нова мисица, социјалните мрежи набрзо започнаа дебата. На многумина им пречело тоа што Брук е бела.
„Иронично е што бела жена стана Мис Зимбабве, додека европските земји испраќаат црнки“, напишаа некои, без разлика што 21-годишната девојка е од Зимбабве.
И Брук зборуваше за тоа.
„Една од најголемите работи за мене е тоа што без разлика од која земја доаѓате, на пример африканска земја, сепак можете да аплицирате без разлика на бојата на вашата кожа. Можете да дојдете од која било култура. Никој не треба да ве дефинира според бојата на кожата, изгледот или обликот на телото“, изјави таа за ЗТНПрајм.
Поради проблеми во рамките на националната организација задолжена за селекција, Зимбабве не учествува на светската селекција од 2001 година. Дотогаш, Зимбабве се натпреваруваше од 1980 година.