Уште два случаи во државава за малтретирање жени, кои с еслучиле вчера во Кочани и Македонска Каменица.
Кочанскиот насилник се заканувал на невенчаната сопруга и ја терал да подигне брзи кредити.
-На 27.09.2023 во 12.15 часот во ОВР Кочани, 26 – годишна жена од Кочани пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг Џ.О. од Кочани ѝ се заканувал, ја принудил да подигне кредит од банка и физички ја нападнал. За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против Џ.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Насилникот од Македонска Каменица, пак, ја ограбил жената, а веќе подолго време и праќал недолични пораки.
– На 27.09.2023 во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Н.И.(31) од с.Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека во 21.00 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица одзел мобилен телефон од 30 – годишна жена од Македонска Каменица. Според пријавеното, тој подолго време ѝ праќал пораки со недолична и заканувачка содржина. При преглед кај него биле пронајдени и одземени два мобилни телефона, додека при претрес во неговиот дом бил пронајден, одземен и вратен мобилниот телефон на оштетената. За случаите бил запознаен јавен обвинител и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.