Пејачката, Неда Украден е во осмата деценија, а на нејзиниот изглед може да ѝ позавидат и двојно помлади дами.
Неда не крие дека води сметка за исхраната, како и дека редовно вежба, а на нејзиното мени вообичаено има разноразно овошје. Нејзината исхрана се базира на бројни протеини, здрави шејкови и салати, иако понекогаш знае да „потклекне“ и да јаде колачи.
Сепак, таа бргу се враќа на своето мени кое го има веќе со години, кое го има воведено во своето секојдневие пред неколку години кога за време на ковид-пандемијата се здебели неколку килограми.
Појадок: Овошно смуди
Ручек: Шницли и салата
Вечера: Чорба од брокула
Трик совет – ако почувствувате глад, напијте се чаша вода или чај од ѓумбир