Откако Си-Ен-Ен ја објави приказната за Ајда Жугај, која се обидувала да ја пронајде жената која на неа и нејзината сестра им подарила сто долари во 1999-та година на летот од Амстердам во Минеаполис, откако го напуштиле просторот на поранешна Југославија поради војната.
Американката Трејси Пек примила низа пораки и повици на телефонот. Таа ја видела објавата на Си-Ен-Ен и видела слика од писмо напишано со нејзиниот ракопис. Таа била жената која на сестрите кои бегале од војната пред 23 години им подарила коверт со пари. Жугај раскажала дека имала малку помалку од 12 години кога како дете бегалец со постарата сестра запознале жена која на писмото кое им го предала се потпишала само како Трејси.
„Многу ми е жал што бомбардирањето во вашата земја предизвикало проблеми за вашето семејство. Се надевам дека вашиот престој во Америка ќе биде безбеден и среќен за вас – Добре дојдовте во Америка, ве молам искористете го ова за да ви биде од помош овде. Пријателката од авионот Трејси“ – пишувало на писмото кое било во ковертот со сто долари.
Жугај изјавила дека нејзината сестра тогаш имала 17 години и тие пари им значеле многу бидејќи им помогнале да се прехранат тоа лето додека престојувале кај нивниот брат кој студирал во Америка.
Жугај посочила дека жената ја бара веќе десет години.
Приказната на Си-Ен-Ен за кратко време стана вирална и прочитана од над 2 милиони читатели. Откако била објавена, Жугај добила пораки за поддршка од луѓе од повеќе земји. Луѓето на социјалните мрежи биле инспирирани од великодушноста на Трејси и понудиле предлози за да ја најдат.
„Солзи течеа по лицето на седумдесетгодишната жена додека читаше како сестрите го опишале начинот на кој подарокот им ги променил животоите“, пишува Си-Ен-Ен и додава дека Пек никогаш не замислувала дека така ќе го доживее чинот на љубезност.
Благодарение на ангажираноста на своите пријатели и роднини таа преку интернет стапила во контакт со нив.
„Здраво убави дами“, извикала Пек радосно кога конечно стапиле во контакт преку видео повик.
„Поминаа повеќе од 20 години“, рекла Жугај покажуваќи го ковертот.
„Твојата великодушност остана во мене“, додала постарата сестра Вања Контино.
Жугај раскажала на жената сѐ што сакала да сподели со неа со години – ѝ кажала колку била благодарна, колку и’ значеле парите и дека со нив преживеале со палачинки и сок.
„Само сакам да ги охрабрам луѓето на светот да бидат љубезни. Дали тоа му штети некому? Освен што на сите им помага? Насмејте се , воспоставете контакт со очите, помогнете им на сите кои се во неволја или опасност. Едноставно не знам зошто некој не би го направил тоа“, додала Пек.
Извор: ba.n1info.com