Необичната исповед на една жена за една нејзина непромислена постапка од детството, остави во шок многумина. Имено, Кели од САД во видео објавено на социјалните мрежи тврди дека токму таа е причината што е зачната нејзината помала сестра. Таа ја чувала тајната цели 25 години.
Сѐ почнало со една необична идеја која ја добила додека нејзините родители не биле дома. Кели раскажува дека таа била сама дома со една од нејзините другарки. Тој ден тие решиле да влезат во спалната соба на родителите на Кели, а во малиот орман покрај креветот нашле презервативи. Откако другарката ѝ објаснила на Кели за што се работи, тие решиле да ги „продупчат“ презервативите со игла за шиење. Таа со месеци очекувала каква било реакција од нејзините родители, но тие сепак не изреагирале.
„На пакетчињата со презервативите направивме неколку дупчиња. Дури шест месеци подоцна мојата мајка ја објави веста дека е бремена. Ја чував оваа тајна 25 години и мислам дека е време да ја споделам“, наведува Кели во видеото.
Таа го почнува видеото извинувајќи им се на родителите поради нејзината грешка.
„Мамо, многу ми е жал“, вели таа во објавеното видео.
„Сепак, не ми е жал бидејќи Сем е овде, мојата сакана сестра. Мојата најдобра другарка и јас влеговме во спалната соба на моите родители кога бевме млади, а на орманчето имаше некакви пакетчиња. Не знам како знаеше, но мојата другарка ми кажа дека тоа се презервативи и ми објасни за што се користат“, објаснува Кели.
По наивната постапка таа бргу заборавила на тоа и била пресреќна кога родителите подоцна ѝ откриле дека ќе добие сестра.
„Мајка ми ми кажа дека е бремена и јас бев многу среќна. Но години подоцна, мојата мајка и понатаму вели – не знам како се случи тоа, бевме толку внимателни“, низ насмевка вели Кели.