Најмалку едно лице е повредено и пренесено во Клиничката болница, откако се судрија две возила. Веста ја потврдија од СВР Штип, но повеќе детали се најавуваат по завршување на увидот.
-Се судриле две возила – пежо 406 и фиат добло, при што повреден е возачот од фиатот. Се работи за 51-годишен возач од Скопје, кој е пренесен во Клиничката болница, соопшти Гордана Панајотова портпарол на СВР Штип.
Од фотографијата се гледа дека еден автомобил е превртен по судирот, додека другиот има делумно откачен браник. Кај превртеното возило има траги од крв.
Според информациите од очевидците, судирот се случил на булеварот „Партизанска“ нешто по 16 часот.