Мери Нејсбит била апсолутно фасцинирана од митолошките суштества, толку многу што решила да го промени своето име. Од чиста љубов кон магични еднорози, сега и официјално е Meri Junikorn Sparkls.
Пред да ја донесе таа одлука, се консултирала со интернет, иако тоа можеби не е најмудрата идеја. Во анкетата што таа ја постави, луѓето гласаа и го избраа името што најдобро го опишува нејзиниот лик во моментов.
Инспирацијата за оваа идеја ја добила откако гледала емисија на Нетфликс. Станува збор за “Tyding up with Marie Kondo”, која ги советува луѓето да се ослободат од се што не им носи радост. За Мери Нејсбит, тоа беше нејзиното презиме.
Сфатила дека не ѝ се допаѓа фризурата или облеката што ја има во плакарот. Исфрлила сè и добила неколку шишиња со боја за коса. Досадната мајчинска облека ја замени со шарени и весели бои, а косата сега и е во боите на виножитото.
Нејзиниот сопруг, Патрик, 38-годишен водоинсталатер, се прашувал дали таа минува низ средовечна криза, но решил целосно да ја поддржи.
Три години подоцна,Meri Junikorn Sparkls не се откажа од својата одлука, а на трансформацијата се приклучија и нејзините ќерки Елоиз и Есма. Иако нејзиниот сопруг решил да не го менува името, поради што Мери го нарекува „заморувач“.
“Го сменив моето име затоа што сакав да бидам тоа што навистина сум. Имав бизнис наречен Unicorn Beauty Club, а луѓето ме нарекуваа ‘дама еднорог’ поради мојата опсесија. Отсекогаш сум сакала еднорози. Ми пречи што жирафите и бувовите постојат и еднорозите немаат нивна реалност.
Отсекогаш сум собирала работи со мотиви на еднорог, а кога остарев стана незапирливо“, објаснува Мери.
Шоуто на Нетфликс и помогна да ги среди работите што и требаа и нештата што ѝ беа потребни.
“Ја гледав Мери Кондо и таа вели дека ако нешто не ти носи среќа, треба да се ослободиш од тоа. Тоа ме инспирираше да направам трансформација во она што сум денес. Таа не само што го промени мојот изглед, туку и целиот мој живот “, рече Мери.
Единствениот проблем што таа го има е осигурителната компанија.
„Патрик со часови се расправаше со некој човек кој се чудеше „сериозно, што се случува“, но како и да е, се останато помина без проблеми. Новата лична карта ја добив за само неколку минути“, рекла дамата еднорог.
(Курир.рс/Нај жена)