Мишко Крстевски со песната „Ема“ е победник на 36. Издание на фолк фестивалот „Валандово“, кој се одржа во салата „Јанко Узунов“ во Валандово.
Второто место и припадна на композицијата “Ни седум неба ни седум гори”, која ја отпеа на Елена Андоновска, а која воедно ја освои и наградата за интерпретација, додека трето место композицијата “Букет од сомнежи” на Анета и група Молика.
Наградата за дебитант ја доби Андриана Ацоска, наградата за текст ја доби Огнен Неделковски, додека наградата за аранжан му припадна на Дарко Илиевски.
На фестивалот беше доделена и награда за животно дело, која постхумно беше доделена на Ѓоко Дончев, за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе.
Покрај официјалниот дел, публиката ја воодушеви ревијалниот дел, кој беше посветен на виртуозот на харминика и композиторот Милан Завков, во чија чест пејаите учесници и негови пријатели музичари изведоа музички омаж.
Но, ова беше официјалниот, фестивалски дел. Валандово цел викенд живееше со музика. Во петокот вечерта на градскиот плоштад настапија „Распеани валандовчани“, Јоце Панов и Жељко Самарџиќ
.
Во саботата валандовчани на градскиот плоштад ги собра Ефто Пупинопски, „Куку леле“ и Ана Бекута, која во Валандово се врати по 17 години.