Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата од Кавадарци рече дека е загрижен поради тоа што дел од СДСМ, кое самото се нарекува раководство, се здружило со ДУИ и формирале антимакедонски фронт, а не европски како што го нарекуваат. Тоа според него е една појава за уништување на сопствениот народ со цел останување уште неколку месеци на власт.
– Јас сум загрижен од тоа што го добивам како информација од луѓето коишто ме брифираат. Комисија за уставни измени не знам зошто се формираше, бидејќи прво треба во Парламентот да се утврди за отворање на Уставот. Доколку тоа не се случи, не знам која би била улогата на ова комисија и овие скапо платени експерти, зошто ќе земаат месечни хонорари, рече Мицкоски.
Но, додаде Мицкоски, тоа што ме загрижува e дека не се зборува само за внесување на она минимално малцинство бугарско во Преамбулата на македонскиот Устав, туку се зборува и „за целосно редефинирање на Македонија на два народа”.