Бог ми забрани да зборувам за Милан Станковиќ, вели Рада Манојловиќ за Информер!
Фолк ѕвездата и пејачот се забавуваа од 2008 до 2013 година, но останаа добри пријатели и по раскинувањето.
Иако редовно се гледаат, Рада е многу таинствена кога е во прашање нивното пријателство и гласините дека пејачот решил да се замонаши.
-Пијам кафе со Милан, но не можам да зборувам за него, ниту за темите за кои разговараме кога се гледаме! Не е за јавноста. Ако одлучам да ги откријам деталите од нашите разговори, тогаш ќе наплатам за тоа! Така работат познатите луѓе во светот – вели Манојловиќ, која на прашањето дали Станковиќ всушност и забранил да зборува за него и дали го поддржува за да се замонаши, одговори:
-Милан не ми забрани, Господ ми забрани! Како преку него да се појави виша сила и да ми рече: „Твоите разговори мора да се тајни“. За тоа дали ќе се замонаши, и тоа е тајна! Ако сум паметна, па и јас да го следам неговиот пат. Со Бог е многу поубаво отколку со луѓето.
Пејачката која извесно време не е со колегата Харис Берковиќ вели дека не е заљубена.
-Не размислувам за љубов! Се концентрирам само на песни и настапи, бидејќи работам многу. Кога станува збор за мене и Харис, се зборуваше многу. Луѓето шпекулираа дека моето семејство не го сака и дека неговото семејство не ме прифаќа. И сето тоа само затоа што сум девет години постара од него и сме од различна вера. Тоа не е точно – вели Рада.