ММС

Објавено на: 05/28/21 1:22 PM

Три политички партии потрошиле 3,5 милиони евра за реклами на Предвремените парламентрални избори 2020

Близу три милиони евра од овие 3,5 милиони се пари од државниот Буџет, доделени преку Државната изборна комисија, која ги префрлила на партиите ВМРО ДМНЕ, СДСМ и ДУИ. Ова го покажаува извештајот на Државната ревизија, која деновиве ги објави извештаите за сите учесници во Предвремените парламентарни избори 2020. Дури партијата ДУИ не се ни трошела многу од сопствениот џеб, туку од вкупно потрошените пари за кампања во износ од 980.975 евра од државниот Буџет биле 897.073 евра или 92%. Помалку од 50.000 евра се пари собрани од членарина и донации, додека се’ што ДУИ трошела, се граѓански пари, дадени главно за реклами на медиумите (971.886 евра).

Коалицијата на СДСМ поторшила над 1,5 милиони евра за кампањата за предвремените избори, додека над 1,4 милиони за реклами по медиумите – раидодифузери, портали, печатени медиуми и близу 17.000 евра за кампања на Фејсбук. Од тоа, од ДИК добила 917.000 евра (59% од вкупните средства), додека останатите се пари од донации (284.243 евра), приходи од членарина (242.276)  и пренесени средства од транасакциска сметка (103.203).

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за овие избори потрошила близу 1,9 милиони евра, од кои еден милион се употребени за реклами во медиумите. Тој износ е малку поголем од износот што им би исплатен од државниот Буџет, во висина од близу 930.000 евра (49%).

Според структурата на приходите на сметката за избори, кампањата на ВМРО ДПМНЕ во знаачаен дел е поддржана до донации на физички лица, а за разлика од СДСМ, многу помалку од членарина. Близу 630.000 евра опозициската партија собрала донации од физички лица и над 43.000 евра, донации од фирми. Од членарина влегле нешто над 30.000 евра.

Во извештајот на Државната ревизија за сите политички партии стои истата забелешка дека  треба да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии. Исто така, се бара доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа. Имено, 21 портал и два радиодифузери воопшто не поднеле Извештај, како што предвидува законот.

Интересно е дека Државната ревизија оценува дека не може да го смета извештајот на Левица за вистинит е објективен. Причина за тој став е што партијата употребила стар формулар за прикажување на трошоците (Правилник од 2013 година), каде нема детален приказ на ставките.

„Поради тоа Државната ревизија не е во можност да изрази мислење за тоа дали активностите и финансиското работење е во склад со законот“, стои во овој извештај.

Левица потрошила над 84.000 евра за реклами, дека од државнот Буџет преку ДИК добила околу 39.000 евра. Собрала донации од околу 17.000 евра, додека близу 60.000 евра, префрлила од партиската сметка.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.