Во денешното издание на Стадион на Канал77 гостин беше и Дарко Костадиновски, претседтл на Уставниот суд.
-Јас континуирано апелирам, но очигледно не вродува со плод кај политичарите, да не се злоупотребуваат чувствата на граѓаните, да не се етикетираат одлуките на Уставниот суд. Ако е нешто зедничко тоа е дека имаме сериозен проблем со владеењето на правото и тоа во целокупниот државен систем. Причината е невладеењето на правото. Уставниот суд пости да ја зачува состојбата на уставност. Било кој закон доколку има некоја аномалија ако установниот суд утврди ништо страѓно нема да се случи. Ништо драматично нема да се случи, Уствниот суд може да му помогне на законодавецот да го корегира било кој закон и да ја врати состојбата на усавност. Лаги и манипулации кои преминуваат во сферата на опасни манипулации. Очекувам сите судии да бидат присутни на подготвителната седница. На 20-ти само ќе ги разгледуваме спорните прашања, ќ се снима во живо за да можат граѓаните лично со свои уши да слушнат за што ние расправаме. Мене ми се здосади, а не се ни трудам да им објаснувам на политичарите, бидејќи не допира до нив, рече Костадиновски.
Слуштете го целото излагње на Костадиновски во емисијата Стадион.