Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име “патни трошоци” + патарини, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук.
-Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари). Денес е денот Д. Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот, пишува Апасиев.
На собраниска седница денеска ќе биде поставен предлог-законот на Левица за ограничување на огромните суми пари кои пратениците ги наплаќаат на име патни трошоци.