Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција изјави дека била формирана меѓуресорка група по дојавите за бомби во повеќе основни и средни училишта низ државата за поефикасно справување со ситуацијата.
„Утрово одржавме состанок со МВР и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на Министерството за информатичко општество и дигитална трансформација и ФИНКИ. По направените проверки во училиштата, утврдено е дека сите дојави се лажни“, вели таа.
Јаневска им порача на родителите да се чувствуваат безбедени за своите деца затоа што се превземени сите потребни мерки.
„Благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Учичиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од министерството“, посочува Јаневска.