Новиот спортски директор на сите макеоднски фудбалски репрезентации, Горан Пандев си замина од неговиот клуб ФК „АП Брера Струмица“ и официјално, со поднесување на оставка. Ова го соопшти „Брера“, цитирајќи го Пандев, кој забележува дека „имаме потенцијал само треба професионален пристап“.
„Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.Горан Пандев е основач на нашиот клуб а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб, соопшти „Брера“.
Клубот на Пандев му посака посакува успешна и плодна работа со надеж дека доаѓаат посветли денови за мак фудбалот.
-Отсекогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап,, кажа Пандев.
На Вонредното изборно Собрание на ФФМ во неделата, Масар Омерагиќ беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, кој пак го назначи Горан Пандев за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, додека Дрилон Ганиу е назначен за в.д. генерален секретар.