СДС да се разбудат од сонот, времето на „како до сега“ заврши. СДС нема право да зборува за непотизам затоа што во време на СДС и ДУИ партизацијата и непотизмот беше застапен во секоја пора од општеството. Непотизмот се прошири и надгради во време на СДС и ДУИ а граѓаните масовно се иселуваа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
-СДС нема право да зборува за злоупотреба на парите на граѓаните бидејќи во време на СДС и ДУИ 7 години се потрошија милионски Буџети а не направија ништо. СДС и ДУИ масовно ги злоупотребија институциите за сопствени лукративни причини, а преку ноќ милионери станаа роднини и блиски луѓе до врхушката на СДС и ДУИ. СДС нема право да зборува за злоупотреба на тендерски постапки бидејќи во време на СДС и ДУИ тендери се доделуваа во четири очи. Вриело од корупција во јавните набавки во мандатот на СДС и ДУИ. Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека. СДС нема право да зборува за корупција бидејќи функционерите од СДС и ДУИ се докажа дека се до гуша во корупција. Корупцијата се прошири до невидливи размери во време на СДС и ДУИ. Артан Груби заедно со судијата Енвер Беџети ставени се на црна листа на САД, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, во кое се додадва:
-Со измени на Законот за јавни набавки преку дефинираните услови се зајакнува стручноста и компетентноста на претседателот и членовите на Комисијата и се определува дека истите треба да има најмалку 10 години работно искуство од кои најмалку пет години во областите за кои е надлежна да одлучува Државната комисија, односно од областа на јавните набавки. Исто така се зајакнува и независноста и професионалноста на Државната комисија и се утврдува дека претседателот и членовите на Комисијата не смеат да бидат членови на орган на политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ се залага и работи за унапредување на транспарентноста во институциите и системот како и на поголема достапност на информациите од јавен карактер, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.