Снимка од свадба кружи на интернет и стана вирална поради однесувањето на кумот кој пред сите ја шутнал свадбената торта од масата.
Кумот застанал до младенците на свадбената трпеза, каде што била ставена тортата за да можат младенците заедно да ја пресечат, пренесува информер.рс.
Додека музиката ечела во позадина, гостите се забавувале, кумот ја шутнал тортата која излетала од масата и се распаднала.
Видеото наиде на бројни осуди, а речиси сите коментари беа упатени кон кумот:
„Идиот“, „каков Индиец“, „свиња“ како многу други.
Набргу по ова видео, кумот на социјалните мрежи даде објаснување зошто го направил овој крајно необичен потег.
Кумот открил дека тортата веќе била „прилично оштетена“ и дека неговиот удар всушност бил „совршено темпиран на музиката“. На многумина не им се допадна објаснувањето на кумот.
da je ovo moje venčanje istukao bih i mladoženju, i kuma i na kraju oterao goste kući, šta udara po ovoj torti kao da cepa drva https://t.co/WhYF9gOd1D
— Greška generacije (@stefidzax) November 17, 2024
Неговиот потег го оправда еден корисник на социјалните мрежи кој изјави дека овој обичај постои во некои делови на Балканот, како и дека е направена токму за оваа пригода.
-Аман луѓе, ова е обичај овде и ова не е торта, туку нешто што е специјално направено за таа прилика, а обичајот налага да се распарчи на што повеќе делови, бидејќи колку делови, толку години среќа во заедничкиот живот. Се крши со сабја и раце и нозе и што и да е. Се вика крокант, се прави од карамелизиран шеќер, бадеми, лешници…потоа се обликува и лесно се крши, незаменлив ритуал на одредени свадби. И секој има свое, кај нас пукаат во јаболкото, Грците кршат чинии, – напишал еден корисник на Х.