За дочек на 2025 година, апсолутни рекордери по новогодишни хонорари годинава ќе бидат Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ
Тезгите за најлудата ноќ во Белград ги договорија некои од најголемите српски ѕвезди, а за прославата во 2025 година апсолутни рекордери по новогодишни хонорари годинава ќе бидат Здравко Чолиќ и Александра Пријовиќ.
Легендарниот пејач за настапот во Тиват ќе добие 120.000 евра, колку и Прија на Златибор. Цеца Ражнатовиќ нема да помине лошо ниту во Херцег Нови каде ќе пее за 100.000 евра.
Како што дознава курир.рс, за доаѓањето на 2025 година најголемите ѕвезди склучиле астрономски хонорари за настапите во Белград, а предводници се Лепа Брена која од новогодишната ноќ ќе излезе побогата за 110.000 евра.
Аца Лукас кој ќе земе 100.000 евра. Истата сума ќе ја добие и Саша Матиќ. Во најлудата ноќ Брена на сцената ќе ја придружува Ацо Пејовиќ, за 80.000 евра.
Ниту Лукас нема да биде сам, па со него на исто место ќе пеат и неговите помлади колеги Урош Живковиќ и Александра Младеновиќ, но за многу помали хонорари – 20.000 и 15.000 евра.