Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир вчера од МПЦ-ОА беа одликувани со орденот „Свети Николај“. Орденот им го додели Брегалничкиот митрополит Иларион.
Мијалкови се ктитори на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село Штип, која во неделата беше осветена.
Двајцата браќа, кои по потекло се од Нов Село финансиски ја помагале изградбата на црквата.
Осветувањето го изврши, Архиепископот Стефан во сослужение на митрополитот Иларион и епископот Јаков, објави Религија.
На Мијалков, кој е на „црната листа“ на САД, прв пат се појавува во јавноста откако излезе од затвор во Струга. Суден е за неколку дела за тешки злоупотреби.