Единствената награда, која се доделува на Фестивалот на музика „Макфест“ е најслушана песна меѓу двата фестивала. Годинава таа награда ја доби песната „Сафир“, а ја отпеаја Таско и Малена.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на макфестовската сцена им ја додели наградата од 120.000 денари (2.000 евра).
По завршување на фестивалот ММС ги праша за што ќе ги потрошат парите.
-Зима иде, треба зимски гуми и регистрација на авомобилот, рече насмеан Таско за ММС.
Малена, пак, кусо одговори- ќе ги вложам во музика.
Малена оваа година не настапи на „Макфест“.
Таско, пак, настапи повторно во дует со Теа Трајковска со песната „Сатурн“
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски