Повторно чади депонијата во Кочани, иако одмана беше најавено дека ќе се интервенира од страна на општината. Бројни се повиците на граѓаните на социјалните мрежи, кои реагираат на здравствени проблеми и зголемените случаи на заболени се респираторни болести. Велат дека едноставно не се дише. Кога ќе биде затворена кочанската депонија, беше новинарското прашање до меѓународниот тим, кој со години работи на управување на отпад.
Теофанис Лолос тим лидер на проектот, зборуваше за транзиционен период. Тој рече дека во тој преоден период се планира затварање на депониите низ помалите општини и рехаблитација на земјиштето на кои се наоѓале. Депонијата во Кочани е во план за затворање во наредните две години.
-Во овој преоден период во рок од две години ќе има времени депонии, каде што ќе има навистина претовар или донесување на отпад од други општини, но тоа е само преоден период. Во Кочани, сега е сменета ситуацијата, изведувачот веќе работи таму и на рехабелитацијиа, така што во конечната фаза ќе има едно централно место каде ќе има постројка и за третман и за одложување на отпадот, а депонијата во Кочани ќе се затвори конечно, изјави Лолос.
Затворањето на депониите е врзано и со изградбата на регионалната депонија кај Свети Николе. Со години се доцни со активностите, додека постојано се најавува распишување на тендер за изградба на современиот систем – централната постројка за управување со отпадот.
Последната информација е дека Европската унија го одобрила меѓународниот тендер, кој се очекува да биде распишан до крајот на годината, а можеби и порано.
Се најавува и изградба на пат – заобиколница до селото Мечкуевци, каде ќе се гради регионалната депонија, што е обврска на ЈП за државни патишта.
Ана Мазнева-Карафиновска од Министерството за животна средина и просторно планирање изјави дека изградбата на клучката и реконструкцијата на патот ќе се гради, во исто време со депонијата, а нејзиниот рок за изградба е од година и пол до две.
-Проектот за изградбата на патот и за реконструкцијата, има една мала делница којашто треба да води до депонијата ќе се одвива паралено со изградбата на регионалната депонија, за да може да биде ставен во функција веднаш со изградбата на новата регионална депонија, рече Мазнева-Каранфиловска.
Македонија во плановите е далеку зад усвоените европски деирективи за отпад. Според презентираното, земјите од Европската унија имаат обврска до 2031 година само 10 отсто од општинскиот отпад да завршува на депонии. Се’ друго треба да се рециклира и преработува.
Инаку, регионалната депонија кај Мечкуевци е планирана да опслужува околу 370.000 жители од Исочниот и Северниот регион со капацитет да прими 900.000 кубни метри отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. Проектот чини околу 40 милиони евра, средства од фондовите на ЕУ.