По случајот со Американката Кенсли Поп која има три гради, сега во Велика Британија е „откриен“ маж со три пениси, пренесува Б92.
За разлика од Кенсли, која профитира од нејзиното пореметување, ништо не се знае за овој човек – тој бил мртов кога студентите по медицина го добиле неговото тело и почнале да го подготвуваат за трансплантација на органи, со оглед на тоа што го донирал за време на неговиот живот.
Се проценува дека околу едно од шест милиони машки бебиња се раѓаат со два пениса, состојба наречена дифалија. Само околу 100 случаи се евидентирани во последните 400 години откако првпат беше медицински препознаен.
Ultra-Rare Case of Man With Three Penises Unlike Anything on Recordhttps://t.co/JbYxUnYMmf pic.twitter.com/oYgzcaeCtQ
— ScienceAlert (@ScienceAlert) October 16, 2024
Трифалијата е уште поретка генетска аномалија која предизвикува машкото бебе да има три различни пениси. Пред овој случај во ОК, едно бебе во Ирак во 2020 година исто така имало три пениси.
Најновото откритие, опишано во “Journal of Medical Case Reports”, е снимено за време на кадаверичната дисекција на 78-годишен маж (доживеал мозочна смрт), а го објавиле бројни списанија и портали, меѓу кои и “Interest Engineering”, а пријавени од страна на социјалните мрежи.
Ова го прави посебен случај за возрасни и прв кој внимателно се проучува преку постмортална дисекција.
Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бирмингем се сомневаат дека преваленцата на мажите со повеќе пениси „може да биде поголема од очекуваното“.
Во вториот случај, тие велат дека возрасниот белец веројатно не бил свесен за неговата посебна состојба бидејќи неговите гениталии изгледале нормално од надворешна перспектива.
Но, по внимателно испитување, научниците откриле дека во неговата скротална кеса има два помали пениси, од кои едниот е поврзан со истата уретра како и главниот пенис.
Man born with three penises discovered by student researchers https://t.co/MI4OfQAbzP
— Manchester News MEN (@MENnewsdesk) October 16, 2024
Машките гениталии обично почнуваат да се формираат рано во бременоста помеѓу четвртата и седмата гестациска недела. Истражувачите се сомневаат дека генетските абнормалности кои влијаат на експресијата на машкиот хормонски рецептор за андрогени можеби играле улога во растот на абнормалните осовини на пенисот.
Исто така, тие откриле дека за време на раниот развој на една личност како бебе, неговото мокраќно севче – или уретра – првично се развила во секундарен пенис. Кога овој пенис не успеал целосно да се развие, уретрата го пренасочила својот тек и се развил во примарен пенис.
Ваквите абнормални случаи, предупредуваат научниците, може да претставуваат значителен ризик од инфекција или сексуална или репродуктивна дисфункција.
Овие случаи треба подобро да се разберат за подобро да се дијагностицираат и лекуваат таквите пациенти кои имаат уролошки симптоми, како и за вметнување катетер, уролошка слика и операција, велат научниците.