На социјалните мрежи се појави оглас кој предизвика бурни реакции кај корисниците, пренесува индекс.хр.
“Барам тетка повремено да чува 10-месечно девојче. Не сакаме дебела тетка или тетка што живее со домашно милениче. Сакаме искуство во чување деца (на пр. работа во градинка). Ние сме во Трње ќе ти се јавам“, стои во огласот.
Објавата шокираше многу корисници.
Кутро дете со мајка која покажува нетрпеливост кон луѓето со прекумерна тежина или оние кои сакаат животни. Страшно. Ова е крајно одвратна реклама и одраз на вашата култура“, коментира еден корисник.
“Честитки за вашето дете кое во иднина најверојатно ќе има проблеми со нарушувања во исхраната и слика за себе поради ставовите на родителите. Не мора да му кажувате ништо на детето за горенаведеното – доволно е детето да набљудува како ги перцепирате другите“, напиша друг корисник.
“Огласот е повеќе од одвратен и срамен. Во 90% од случаите тие “дебели” тетки се подобри, попристапни и подобро ги разбираат децата. Среќно да ги воспитувате децата со такво размислување”, вели трет.
„Колку килограми може да има госпоѓата? додаде четврти корисник.