Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишиота, го тужи раперот дека наводно ја дрогирал и силувал за време на сесија во студио на која присуствувал неодамна уапсениот Пи Диди.
Според Пејџ сикс, поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишота, во тужбата тврди дека наводно била дрогирана и сексуално нападната додека присуствувала на сесија во студио со нејзиниот поранешен шеф и Пи Диди, пренесува Б92.
Пишота во тужбата наведува дека за време на сесијата во Санта Моника наводно и дале пијалок кој содржел „неидентификувана дрога“.
Таа тврди дека Канје нарачал пијачка, а по неколку голтки „почнала да се чувствува дезориентирана“ и не можела да ги контролира телото и говорот.
Kanye West sued for allegedly drugging, sexually assaulting ex-assistant at Sean ‘Diddy’ Combs studio session https://t.co/t8S65MSafv pic.twitter.com/3hwRnKCRpb
— Page Six (@PageSix) October 12, 2024
Следното утро, таа тврди дека и се слошило и чувствувала „огромен срам“ – но сè уште не била јасна за сите детали.
Пишиота, која го тужеше Вест претходно оваа година за сексуално вознемирување и незаконски отказ, тврдеше дека дознала што се случило тогаш во студиото „многу подоцна“.
Таа тврди дека Канје и го признал тоа во врска со ноќта кога наводно била дрогирана, според тужбата.
Таа исто така тврди дека Вест бил оженет во времето кога се случил наводниот напад.
Сопругата на Вест, која не беше именувана во тужбата, наводно го обвинила дека имал секс со Пишота, што го натерало да признае што наводно се случило на сесијата во студиото.
„До тој ден, до тој разговор и откривањето на вистините факти и дејствијата што биле преземени таа вечер, Лорен не знаела ниту мислела дека таа вечер била сексуално нападната, бидејќи мислела само дека била дрогирана од асистент во студио и тоа веројатно само да ја посрамотат“, се вели во тужбата, пренесуваат медиумите.