Тизи Ходсон, жителка на Гедни Хил во Линколншир, била изненадена кога после 45 години добила одговор за работа како каскадер на мотоцикли. Оригиналното писмо, испратено во 1976 година, било пронајдено зад полицата на поштата, што ја изненадило и неа и работниците кои се шегувале за доцната достава на поштата, пренесува република.рс.
-Секогаш се прашував зошто не слушнав ништо за работата. Сега знам зошто – рече таа.
На врвот на писмото пишувало: „Доцна испорака на пошта во Стејнс. Пронајдено зад полиците. Доцни само 50 години“.
Овој неочекуван настан не ја поколеба Тизи, која ја задржа смислата за хумор и оптимизмот, нагласувајќи дека разочарувањето поради неуспешното натпреварување кратко траело.
Г-ѓа Ходсон не знае кој и го вратил писмото, ниту како тоа стигнало до неа.
-Како ме најдоа кога се преселив околу 50 пати, па дури и ја сменив државата четири или пет пати, е мистерија. Јасно се сеќавам дека седев во мојот стан во Лондон и пишував писмо. Секој ден барав одговор, но немаше ништо и бев многу разочарана бидејќи многу сакав да бидам каскадер на мотор – изјавила таа.
И покрај тоа што не ја доби работата како каскадер со мотоцикли, Тизи не беше обесхрабрена. Напротив, нашла и други интересни работни места со кои го обиколила светот. Таа се преселила во Африка, каде што работела како ракувач со змии и шепоти на коњи, а потоа научила да лета и станала аеробатски пилот и инструктор по летање. Оваа необична кариера ја довела до многу авантури и искуства, а покрај повредите кои ги претрпела, Тизи истакнува дека го поминала најубавиот период во животот.